Локалитетот е значаен од ботанички и фаунистички аспект. Тој е единствен локалитет на Осоговските Планини каде се среќава растението Festucathracicassp.violaoceosordidavar.osogovoensis – ендемичен вариетет. Во ова подрачје се опфатени крајречни шуми, како и силикатни карпи на кои се развива специфична хaзмофитска вегетација со Sempervivumsp и други видови растенија. Речните живеалишта се значајни за вилинските коњчиња Cordulegasterheros, Ophiogomphuscecilia и Calliaeschnamicrostigma. Локалитетот е значаен од херпетолошки аспект, заради присуство на некои медитерански видови.

Околу езерото има бројни патеки за љубителите на пешачењето и велосипедизмот, а исто така езерото нуди и совршени услови за риболов. Населението од Кочани и околните места, во текот на летниот период, езерото и околната природа ги користат за излети и за рекреација, а за денот на трудот, местото е преплавено и од туристи.

Здружението „ОПШТИНСКИ СПОРТСКИ АКТИВ КОЧАНИ“ (ОСА-КОЧАНИ) е добитник на проектот – „Промоција на природните вредности и биолошката разновидност на Водопадите на Езерото-Градче“, преку Програмата за зачувување на природата во Македонија.

Програмата за зачувување на природата во Македонија, е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и е наменета за поддршка на активности за зачувување на природата и локалниот развој на Брегалничкиот регион. Програмата поддржува исто така и интервенции на национално ниво кои се очекува да имаат влијание врз зачувувањето на биодиверзитетот и природата воопшто.

Проектната идеја е насочена кон подобрување на капацитетите на локалните засегнати страни за зачувување на природата и одржливо користење на природните ресурси во Брегалничкиот регион, подигање на свеста за зачувување на природата и промоција за одржливо управување со природните ресурси.

Главна цел на проектот е заштита на биолошката разновидност и природата низ промоција и одржливо користење на водопадите на езерото Градче.

Со проектот „Промоција на природните вредности и биолошката разновидност на Водопадите на Езерото – Градче,, и нивната непосредна околина ќе се обезбеди:

  • Добра пристапност до самите водопади и нивната непосредна околина која ќе се овозможи со расчистување на пристапниот пат од ниско  стеблести дрвја, грмушки, камења, по течението на реката собирање на паднатите дрвја, импровизирани скали и ограда кај самиот водопад итн.
  • Поставување информативни табли (2 големи информативни табли и 2 мали патокази) со поставување на таблите и патоказите ќе се овозможи информираност за патеката (како до водопадот), информираност за биолошката разновидност и природните карактеристики за локалитетот;
  • Подигање на видиковец кај самиот Водопад со кој ќе се овозможи можност за едукација на различни категории на заинтересирани страни (ученици, студенти, туристи итн.) да дојдат и на лице место да го посетат;
  • Изработка на клупи и корпи за отпадоци кој ќе бидат распоредени во делот околу водопадот;
  • Изработка на веб страна, информативен материјал – постери и флаери, одржување на промотивни средби со различни категории на посетители (наставници по биологија од основните и средните училишта со нивните ученици, претставници на локалната самоуправа, спортски друштва, туристички агенции од регионот и пошироко);
  • Работилница со учениците од Културно уметничкото друштво при домот за културата Кочани кој ќе го отсликуваат амбиентот и природата кај водопадот, едукативна средба со спортските клубови со цел како да го користат капацитетот рекреативно преку пешачење, футинг, велосипедизам по ридско планински предел итн.