ЗАВРШУВА ПРОЕКТОТ

Промоција на природните вредности на Водопадите на езерото

Градче-Општина Кочани

„ОПШТИНСКИ СПОРТСКИ АКТИВ КОЧАНИ“ (ОСА-Кочани) за потребите на проектот - „Промоција на природните вредности и биолошката разновидност на Водопадите на езерото Градче - Општина Кочани“, кој се изведува преку Програмата за зачувување на природата на Р. Македонија, завршува со спроведување на третата и последна фаза од проектот.

Активностите кои беа предвидени во третата фаза се успешно спроведени, со следниот редослед:

  • Изработка на корпи за отпадоци и клупи кои се поставени во близина на водопадот;
  • Изработка на видиковец, седечки гарнитури и ограда, со кои се подобри пристапноста кон водопадот;
  • Подобрување на условите за одржување на едукативни предавања/презентации на различни категории на заинтересирани страни (ученици, студенти, локално население кое ги користи екосистемските услуги, туристи и сл.) за значењето на заштитата на природата и нејзиното одржливо искористување.
  • Одржана работилница со учениците од Едукативниот центар „Кликер“ на тема: „Идентификација н природните вредности и биолошката разновидност на Водопадите на езерото Градче“, со цел запознавање соприродните убавини и едукација за биолошката разновидност на локалитетот, како што е идентификација на дрвјата, препознавање на некои од животинските видови и нивните главни карактеристики, изработка на хербариум итн.
  • Работилница со школата за цртање од центарот за култура „Бели Мугри“- Кочани, на тема: „Отсликување на амбиентот на локалитетот на Водопадите на езерото Градче, кој имаа за цел да ги доловат убавините на Водопадот, преку цртеж“. Цртежите беа сликани на платно со акрилни бои, а по завршувањето на работилницата ќе биде изведена изложба при домот на културата Бели Мугри Кочани, а цртежите потоа ќе бидат донирани на некој од јавните установи (Детско одделение – ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА КОЧАНИ, Општина Кочани итн.) од Општина Кочани.
  • Работилница со спортските здруженија, каде присуството беше на незавидно ново и зедоа учество неколку спортски и планинарски здруженија: ПСД „Осогово“, извиднички одред „Ластовица“, КГС-Кочани-Клуб на Гимнастички Спортови Кочани, КК „Дино баскет“ итн. Тема на работилницата: „Планинска ориентација и едукативна средба со спортските работници“. Целта на оваа работилница е промоција на Водопадите и околината, преку спортски игри и посети.
  • Промотивен материјал - флаери на англиски јазик, со сите информации за биолошката разновидност за Водопадите на езерото Градче.

Со завршување на проектот, Општина Кочани има обврска да се грижи и да го одржува локалитетот, кој има потенцијал да прерасне во одлична туристичка дестинација, подготвена да ги прими домашните и странските туристи, како и локалното население на општина Кочани, кое може да се гордее со природните убавини кои ги поседува и да придонесе за нивно зачувување и одржување за идните генерации.