Промоција на природните вредности и биолошката разновидност на Водопадите на езерото Градче-Општина Кочани

„ОПШТИНСКИ СПОРТСКИ АКТИВ КОЧАНИ“ (ОСА-Кочани) за потребите на проектот- „Промоција на природните вредности и биолошката разновидност на Водопадите на езерото Градче-Општина Кочани“, кој се изведува преку Програмата за зачувување на природата на Р. Македонија, започна со спроведување на втората фаза на проектот. Поради неповолните временски услови во зимските месеци за изведување на проектните активности на локацијата и расчистување на теренот, во месец април е започната со поактивна работа на терен. Поставени се инфо табли, со голем број информации за природните вредности и компонентите од биолошката разновидност. Исто така, изработени се флаери и постер за промоција на проектот и запознавање на пошироката јавност со природните убавини и биолошката разновидност.

 

Локалитетот Голем водопад на езерото Градче, ќе биде одлична атракција за посета од страна на локалното население, домашните и странските туристи и одлично катче за едукација на младите за природните вредности на крајот.

Во втората фаза од проектот се завршени следните активности:

 

  • Обезбедување на подобар пристап до Големиот водопад;

 

  • Расчистување на патеката и делот околу водопадот од паднати гранки, грмушки, камења, паднати дрва по течението на реката. Направени се скали и отстранети се сите поголеми препреки на патот до локацијата;
  • Поставување на 4 информативни табли и патокази, почнувајќи од хотелот „Градче“ па се до Големиот водопад, на кои е представена биолошката разновидност во овој предел (растенија и животни), информации за езерото и археолошкиот локалитет, како и мапа со ознаки како да се стигне до водопадот, податоци за природните карактеристики околу водопадите и неговото опкружување.
  • Изработени се флаери и постери, како информативен материјал за туристите, студенти, ученици, жителите на општина Кочани, да се запознаат со убавините на овој локалитет, да добијат подетални информации за биолошката разновидност, патеката до водопадот, убавините околу локалитетот (археолошко наоѓалиште, капацитетот од угостителството итн.).